Кејт Мидлтон би требало да се породи кон крајот на април. Војвотката од Кембриџ терминот го открила пред волонтерите во детскиот центар во Брукхил каде била во посета. Точниот датум, како што вели, не го знае ни самата, бидејќи тоа со стопроцентна сигурност не можат да го кажат ниту лекарите. Иако веќе некое време се шушка дека Кејт носи девојче, полот на детето сеуште не сака да го открие. Британските медиуми пишувале дека таа и принцот размислуваат за традиционална имиња како што се Мери или Елизабет, но сепак, фаворит е името Дајана.
Војвотката од Кембриџ и второто дете ќе го роди во лондонската болница Света Мери, во крилото Линдо, кое е посебно уредено за породувања и во кое ноќевање чини 15 илјади долари. Овој пат честа прв да ја посети Кејт и новороденчето ќе ја има принцот Чарлс, пред семејството на Кејт.