Кејт Мидлтон ќе ја преземе од принцезата Дајана титулата на жена за која најмногу се зборува во светските медиуми. Две седмици пред венчавката со принцот Вилијам во Вестминистерската опатија во Лондон, Кејт веќе полека ја потиснува својата несудена свекрва, која почина 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.
Истражувањето е спроведено врз оснива на споредба колку пати во претходните три месеци, но и во целокупната расположлива архива, е цитирано името Кејт Мидлтон во однос на името на покојната принцеза Дајана, кралицата Елизабета, принцот Чарлс, неговите синови Вилијам и Хари, како и неговата сегашна сопруга Камила Паркер Боулс. Името на принцезата Дајана било цитирано во стотина илјади написи, иако смртта и се случила пред Гугл, друштвените мрежи и напредната технологија. Името на Кејт моментално во светските медиуми се спомнува многу повеќе од сите останати членови на кралското семејство.