Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон излегла во четвртокот утрото од лондонската болница Крал Едвард Седми, во придружба на својот сопруг принцот Вилијам. Кејт во болница била примена во понеделникот поради силни мачнини. Таа изјавила дека сега се чувствува многу подобро.
Со насмевка на лицето и букет жолти рози во рацете, Кејт излегла од болницата во која била во последниве три дена. Таа излегла 24 часа откако австралиски радио водители успеале да излажат една медицинска сестра претставувајќи се како принцот Чарлс и кралицата Елизабета, како би добиле информации за состојбата на бремената Кејт.