Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја покажале својата спортска страна во Шкотска, за време на посетата на еден центар во Глазгов. Војвотката и војводата од Кембриџ играле еден против друг пинг понг, од што биле воодушевени бројните гледачи кои внимателно ги постматрале.

Кејт ги покажала и своите вештини во кошарка, уфрлајќи неколку тројки без пауза. Вилијам и Кејт биле во дводневна посета на Шкотска, која вклучува и пилот програма за нивната фондација, во рамките на кои ќе обучуваат нови генерации за млади спортски тренери.