Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон е бремена и се наоѓала во болница поради силни утрински тегоби, било сооштено од кралската палата. Кралското семејство било пресреќно поради веста за бебето, кое ќе биде трето во редот за британскиот престол на кој моментално се наоѓа кралицата Елизабета Втора.
Во официјалното соопштение било наведено дека целото семејство е пресреќно, а исто така пишувало дека во понеделникот попладне принцезата била примена во болницата Крал Едвард Седми со силни тегоби, а бидејќи е во рана фаза од бременоста ќе останела во болница неколку дена, а кога ќе излезе ќе мора повеќе да мирува. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се венчале на 29 април 2011 година во лондонската вестминерска катедрала, по речиси десет години забавување, а церемонијата за свадбата ја следеле неколку милијарди луѓе.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com