Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, сопругата на британскиот принц Вилијам, официјално го крстила својот прв брод. Принцезата, која на церемонијата во Саутемптон се појавила во црно-бел капут и црн шешир, ја пресекла лентата на која била врзано шише кое се скршило од бродот, што е традиционален начин за крштевање на нов пловен објект.

Потоа го разгледала крузерот кој бил наречен “Rojal princes”. Бродот можел да прими 3600 патници, а на својата прва пловидба ќе замине ова лето и тоа по Средоземното Море. Ова би требало да биде последниот самостоен ангажман на принцезата во јавноста пред да се породи кон средината на јули.