Војвотката од Кембриџ посетила едно основно училиште во Лондон, облечена во многу опуштена варијанта, во џемпер и фармерки, а учениците биле разочарани и тврделе дека Кејт воопшто не личи на принцеза. Тие се прашувале дали тоа е принцезата и каде и е фустанот. Учениците во основното училиште Роберт Блер во Лондон со неверување ја гледале принцезата која им личела на обична девојка.

Мајката на еден од учениците рекла дека на децата им било кажано дека ќе бидат посетени од принцезата. Тие бил многу возбудени и сите излегле на паркингот да ја пречекаат. Таа излегла со еден од наставниците, а децата биле многу збунети. Се прашувале каде и е фустанот и дали е тоа Кејт која ја гледале на телевизија.