Кралското семејство наскоро би можело да биде побогато за уште еден член, откако принцот Вилијам наговестил дека неговата сопруга е повторно бремена. Имено, при посетата на високото официјално лице во Нов Зеланд, Синтија Рид, Вилијам на подарок добил марама за неговиот син Џорџ.

Вилијам при преземањето на подарокот рекол дека можеби ќе морате наскоро да направите уште една марама, и така наговестил дека принцот Џорџ би можел да добие брат или сестра. БАкингемската палата сеуште не ги коментирала овие наводи.