Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, според пишувањата на британските медиуми се наоѓа во блажена состојба. Кејт и нејзиниот сопруг принцот Вилијам би требало за прв пат да станат родители на пролет следната година. Иако до неодамна весниците биле преполни со информации дека убавата Кејт не може да роди наследник на британската круна и дека има проблеми со стерилитетот, тоа преку ноќ се променило.
Цела Британија зборува дека омилениот кралски пар ќе добие наследник. Сепак, радосната вест сеуште не била потврдена, но не била ниту демантирана. Загриженоста на британската јавност за наследник на круната довела и дотаму што еден од претставниците во домот на лордовите изјавил дека Кејт и Вилијам се во брак повеќе од еден месец, и дека се на работ од триесеттите години во животот, па биолошкиот часовник им отчукувал многу брзо.