Кејт Мидлтон својот прв ден на вљубените како омажена жена го минала без својот принц, кој бил 13 илјади километри далеку, на воена должност во својот хеликоптер на Фокландските Острови. Војвотката од Кембриџ денот го минала во Ливерпул, во посета на добротворната организација која има помага на лечените зависници од дрога и алкохол.
Отсуството на принцот го искористило едно момче по име Џексон, кое на принцезата и приредил малку романтика, давајќи и букет од црвени рози и честитка за денот на вљубените. Принцот на Фокландските Острови ќе мине шест седмици и тоа ќе биде најдолг временски период во кој тие ќе бидат разделени откако се венчале во април минатата година.