За првата годишнина од бракот, производителот на играчки „Мател“ ќе направи реплики од принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, а куклите ќе бидат облечени како младиот брачен пар на денот на венчавката.
Вилијам ќе биде во ирска униформа, а Кејт во елегантниот фустан на Александра Меквин, за кој се пишувало и месеци по венчавката. Кејт и Вилијам не се првите јавни личности кои добиле свои „Барби“ реплики. Куклата Фара Фосит минатата година била распродадена за месец дена.