Војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт, одлучиле да се отселат од Кенсингтоснката палата, па со тој потег ја навредиле кралицата Елизабета. Со овој потег воедно е прекршена уште една традиција, што дополнително ја налутило кралицата.

Извор близок до семејството рекол дека кралицата е бесна. Овој потег го окарактеризирала како шамар во лице, со кој Кејт и Вилијам и испраќаат порака дека обиваат послушност. Младиот кралски пар моментално се наоѓа на едномесечен одмор, а по завршувањето, Вилијам го чека работно место како цивилен пилот за „Ист Англиан Аир Амбуланс“.