Кралскиот пар одлучил да ги следи светските трендови па отвориле профил на Инстаграм. Профилот со име „Кесингтон палата“ е заедничка страница на принцот Вилијам, сопругата Кејт Мидлтон и принцот Хари. Обожавателите ширум светот малку ќе се разочараат, бидејќи објавите ќе бидат професионални и ќе се однесуваат на нивните јави настапи.
Тоа би значело дека ќе бидат по малку здодевни, што е случај и со првите фотографии кои ги поставиле. Досега се поставени само две објави, слика од палатата Сент Џејмс, каде принцот Хари и НБА ѕвездата Кармело Ентони ги поддржуваат стипендираните диплмоци и слика на принцот Хари со кошаркарот Дикембе Мутомбо.