Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон свечено го отвориле националниот фудбалски центар во Бартон, а во таа прилика се запознале и со репрезентативците на Англија. Принцот и принцезата биле дочекани од Стивен Џерард и Френк Лампард, кои потоа ги провеле низ центарот и им ги претставиле останатите репрезентативци.

Принцот Вилијам од претходно е познат како голем навивач на екипата на Астон Вила од Бирмингем. Изградбата на фудбалскиот тренинг центар го чинела националниот сојуз на Англија околу 130 милиони евра. Во овој комплекс ќе се припремаат националните фудбалски тимови во 24 различни возрасти и категории.