Принцезата Кејт и
принцот Вилијам денеска на јавноста и го покажаа кралското бебе. Нивниот
3,35 килограми тежок син на свет дојде вчера во 16 часот и 24 минути по локално време, во болницата Сент Мери во Лондон.
„Тој е големо момче, и прилично е тежок. Се уште работиме на името“ им изјави на медиумите принцот Вилијам.
„Ова е специјален момент за нас“-додаде принцезата Кејт Мидлтон.
На
прашање на новинарите каква боја на коса има бебето, принцот Вилијам
изјавил дека синчето има поголема коса од него, пренесува „yahoo“.