Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ роди син. Таа денеска се породи во лондонската болница Сент Мери во 16 часот и 24 минути по локално време.
Синот на принцезата Кејт и принцот Вилијам е тежок 3,35 килограми.
-Мајката и бебето се добро и одмараат, стои во соопштението на кралското семејство.