Кејт Мидлтон и принцот Вилијам наскоро би требало да го добијат своето второ дете. Според австралиските медиуми, војвотката од Кембриџ е повторно во блажена состојба. Веста за бременоста ја пренела Џесика Кеј, блиска пријателка на кралскиот пар.

Во Велика Британија веќе неколку месеци кружат гласини за тоа дека сопругата на Вилијам чека бебе, но оваа најнова потврда има печат на веродостојност, бидејќи Хеј била таа која минатата година прва го најавила раѓањето на принцот Џорџ. Пријателката наведува дека кралското семејство и најблиската околина се известени за бременоста и дека официјална информација за тоа наскоро ќе биде објавена.