Холивудската актерка Кејт Хадсон направи сериозен моден прекршок кога неодамна при едно ноќно излегување заборави да облече градик. Меѓутоа, овој моден прекршок можеше да мине и незабележано, доколку пред клубот во кој беше Хадсон не се затекнаа и папараците, чии блицеви открија дека актерката под својата блуза не носи ништо.

 

Дури и обидот градите да ги сокрие со долгиот џемпер, кој го носеше преку блузата, не вроди со плод, на радост на нејзините машки обожаватели. Инаку, убавата актерка кон крајот на април ја очекува премиера на филмот “Mother’s Day”, во кој игра со своите колешки Џенифер Анистон и Џулија Робертс.