Симпатичната актерка Кејт Хадсон предизвикала бурни коментари кога оваа седмица се појавила на ревијата на својот омилен бренд Версаче. Русокосата Кејт на ревијата во Париз се појавила во друштво на мајката Голди и дизајнерката Донатела Версаче која за актерката избрала провокативен фустан од новата колекција „ Atelier Versace Spring 2015“.

 

Иако Кејт има убаво тело и линија која може да „издржи“ ваков фустан, благодарение на отворите кои го откриваат и деколтето и стомакот и колковите и рацете и грбот, а и задникот, резултатот сепак бил поприлично вулгарен. Странските медиуми истакнале и дека актерката која има 35 години под овој фустан не можела да облече ниту долна облека, па така на ревијата се појавил без градник и гаќички.