Актерката Кејт Хадсон станала мајка по втор пат. Таа и Метју Белами станале родители на здраво момче чие име сеуште не е откриено во јавноста, а Кејт се породила во болница во Лос Анџелес. Таа објавила дека се верила со Белами во април оваа година и дека ова е прво нивно дете. Кејт веќе има седумгодишен син од претходниот брак со Крис Робинсон.
Неодамна организирала мала забава по повод раѓањето на бебето, а наместо подароци, од своите пријатели побарала да и купат дрвца кои планира да ги засади во својот нов дом во Велика Британија, каде има намера да се пресели многу брзо.