Култниот италијански црвен, горко-сладок аперитив Кампари ја претстави холивудската актерка Кејт Хадсон како ѕвезда на својот нов календар за претстојната 2016 година, кој официјално ќе биде претставен на 18 ноември оваа година. Темата на кампањата е инспирирана со атмосферата за претседателските избори во САД која метафорични ја претставува спротивноста која ја даваат политичките партии.
Календарот ја прикажува реалната состојба на изборите, барајќи од луѓето да заземат став, да изградат лично мислење и да гласаат за својот кандидат. Овој позитивен ривалитет оживеа на страниците на календарот низ соработката помеѓу фотографот Микеланџело Ди Батиста и Кејт Хадсон која е отелотворение и персонификација на двете души на кампарито, магичната горчина спроти суптилната и интригантна сласт.