Кејт Хадсон е последната во низата холивудски звезди која решила да се пресели во Велика Британија. Таа во северниот дел на Лондон купила куќа за 4,5 милиони евра, во која ќе живее со својот вереник. Шармантната Кејт решила калифорниското сонце да го замени со лондонскиот дожд во име на љубовта кон својот вереник, фронтменот на групата “Muse”, Метју Белами, со кој очекува и дете.


Кејт е спремна да се скраси во Британија. Веќе поднела барање за виза која ќе и овозможи да живее во Англија минимум шест месеци во годината. Таа помеѓу другото како причина за преселувањето го навела и фактот што според неа, Британија е идеално место за подигнување семејство.