Холивудската актерка Кејт Хадсон и фронтменот на групата “Muse”, Мет Белами, раскинале после четиригодишна врска. Иако парот има тригодишен син, и наскоро планирал венчавка, тоа според сите случувања нема да се оствари. Како што пренесуваат странските медиуми, веќе нашла утеха во прегратките на балетанот Дерик Хју.
Претставниците за медиумите на познатата актерка рекле дека Кејт и Мет веќе извесно време не се заедно, но и дека и понатаму се во добри односи и заеднички го воспитуваат детето. Новиот избраник на убавата аткрерка, танчерот Дерик Хју, на пошироката јавност и е познат по врската со актерката Нина Добрев.