Кејт Хадсон штотуку ја раскина четиригодишната веридба со Мет Белами, феонтменот на групата „Мјуз“, а по се изгледа утеха пронајде во неговиот колега, пејачот на „Колдплеј“, Крис Мартин. Кејт и Крис минале еден ден заедно со децата на плажа во Малибу, што било причина да се појват гласини дека се во врска. Иако не е прв пат да минуваат време заедно, американските таблоиди нагаѓаат дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

 

Фронтменот на Колдплеј, кој од Гвинет Палтроу се разведе пред една година, прво заплови во врска со 13 години полмладата Џенифер Лоренс, но романсата завршила поради неговиот премногу близок однос со поранешната сопруга. Ќе видиме дали на неговата нова избраничка ќе и смета односот помеѓу Крис и Гвинет.