По се изгледа дека брендот Ен Тејлор цели на млада публика, кога 49 годишната Деми Мур во своите реклами ја замениле со 32 годишната Кејт Хадсон.

Кејт Хадсон е новото лице на брендот Ен Тејлор, што освен со секси кампањата со која ја привлекува младата публика, вниманието го привлекла и поради фактот што ја презела улогата од Деми Мур.
Деми е во центар на внимание на јавноста поради разводот, премногу е слаба, а Кејт изгледа прекрасно со своите облини.