Тоа што Кејт Босфорт е миленичка на бројните светски дизајнери не е никаква новост. Совршена во секој поглед, оваа убава актерка и икона на стилот е во состојба фантастично да ја носи секоја комбинација на облека. Таа ќе изгледа прекрасно во обични фармерки, но и во некоја креација потпишана од некој реномиран дизајнер. Кејт го привлече вниманието со својот елегантен стајлинг во кој е фотографирана на аеродромот во Лос Анџелес.

Убавата Кејт се враќала од Париз во кој ја посетила ревијата на Диор, а за враќањето во Лос Анџелес избрала прекрасен кожен капут со ракави кои се во интересен принт. Шармантните обувки, црно-белата торба и култни Вејфарер очила за сонце го заокружиле овој одличен стајлинг. А нејзиниот сопруг Мајкл Полиш го покажал своето, уште едно во низа, генијално издание!