Австралиската актерка Кејт Бланшет посвоила девојче, објавиле австралиските медиуми. Претставникот за медиумите на славната актерка потврдил дека Бланшет и нејзиниот сопруг, театарскиот режиерр Ендрју Аптон посвоиле девојче.

 

Парот веќе има три биолошки синови. Посвоеното девојче добило име Вивиен. Бланшет зад себе има многу успешна кариета и досега освоила два Оскари, за улогите во филмовите Авијатичар во 2004 година и Јасмин Френч во 2013 година.