Американската манекенка Кејт Аптон веројатно поставила своевиден рекорд кога се во прашање модните снимања, бидејќи во бикини се фотографирала на температура од минус 35 степени блиозу Антарктикот. Таа со екипата на списанието “Sports Illustrated” престојувала на десетдневно крстарење од Аргентина до Антарктикот како би се фотографирала за нивното празнично издание со костими за капење.
Бидејќи фотографирањето се одвивало на автентични локации, манекенката била опкружена со ледени санти снег додека седела на работ од јахтата, облечена во минујатурно бикини. Добро упатени зивори велат дека позирала само на по неколку минути, па потоа се облекувала во бунда, и така во круг се додека снимањето не било завршено.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com