Моделот Кејт Аптон отшила чекор понатаму кога е во прашање фотографирањето. Екипа на списанието Спортс Илустрејтед ја одвела до простор со нулта гравитација, онаква каква што се наоѓа само во вселената. Овој несекојдневен едиторијал направен е по повод 50 броја од споменатото списание.

Се фотографирала во златно бикини, а многумина велат дека личела на култната Барбарела од истоимениот филм. На фотографиите може да се види како Кејт се обидува да изведе секси пози, а неколку пати добро удрила во подот.