Еден од најпознатите модни брендови, Викторија Сикрет, сепак и се смилувал на манекенката со бујни гради Кејт Аптон, откако првобитно ја одбиле на нивниот кастинг, со коментар дека е вулгарна и премногу очигледна. Сепак, нејзина фотографија во долна облека се нашла во најновиот каталог на Викторија Сикрет, и тоа на задната корица.
Оваа фотографија предизвикала огромно изненадување, бидејќи пред само неколку месеци менаџерите на оваа компанија рекле дека Кејт никако не се вклопува во нивната приказна. Ја окарактеризирале како премногу очигледна девојка која личи на жена на фудбалер. Тие коментари не ја потресле манекенката. новата понуда не ја одбила, туку полна со самодоверба ги истакнала своите бујни гради во црн градник од овој моден бренд.