Манекенката со заводливи гради Кејт Аптон би сакала да се најде во улогата на Бонд девојка во некој од наредните филмови за агентот 007. Таа изјавила дека тоа е многу престижна титула и дека тоа би била одлична улога за неа.
Таа додала дека омилена Бонд девојка и е Хали Бери во филмот “Die Another Day”. Инаку, оваа убавица веќе се испробала во светот на глумата со неколку епизодни улоги и се надева дека во иднина ќе може да глуми во некој сериозен филм.