Манекенката Кејт Аптон, која неодамна раскина со танчерот Максим Чмерковски, повторно е во врска со поранешното момче Џастин Верландер. Сексипилната русокоса и бејзбол играчот биле видени заедно на натпревар во Филаделфија додека во публиката разменувале нежност.

Девојката од насловната на „Спортс илустрејтид“ и бејзбол играчот биле во врска околу една година, но раскинале во јуни 2013. Кејт после тоа се утешила во прегратките на Чмерковски, но нивната љубов не траела долго, па се разделиле во декември. Очигледно дека убавата Кејт не губи време во потрага за момчиња и дека не сака да биде сама.