Американската манекенка Кејт Аптон (22), објавила провокативна фотографија на својот Инстаграм профил, со која којзнае по кој пат го истакнала својот сексипил, на општо воодушевување на своите обожаватели. Манекенката овој пат не ја истакнала својата завидна фигура, нити се фотографирала топлес, туку во фокусот е нејзиното лице.
На фотографијата која за неполн ден собрала преку 70 илјади лајкови на Инстаграм, се гледа Кејт како лежи на кревет во спална соба, прекриена само со бел чаршав. Доколку помисливте дека Кејт направила утринско „селфи“, се лажете. Фотографијата е дел од едиторијал за каталог гој го работеле познатите фотографи Мерт Алас и Маркус Пиго.