Токму кога јавноста помисли дека Кејт Аптон и Викторија Сикрет ги надминале своите проблеми, се појавил нов. Во продажба се појавил новиот каталог на модната куќа на чија насловна страна се наоѓа згодната манекенка. Меѓутоа, таа изјавила дека не потпишала нов договор со познатиот производител на женска долна облека, и дека тие користеле нејзина стара фотографија.
Агентот на Кејт изјавил дека е употребена фотографија од 2011 година, кога Кејт прв пат се фотографирала за оваа компанија, по што тие одлучиле поради нејзините бујни гради дека сепак не е за нив. Кејт и нејзиниот агент најавиле и тужба против оваа компанија.