Некои велат дека и е двојничка, додека други мислат дека е посексипилна од Кејт Аптон. Станува збор за 22-годишната Шарлот МекКини, која се прослави со секси рекламата за хамбургери минатата година, а оттогаш ја разгорува фантазијата кај мажите ширум светот. Шарлот е еден од најбараните модели за машките списанија, а не е тешко да се забележи зошто е тоа така.

 

Русокоса, згодна и со големи гради, а што е најдобро, нејзините адути се потполно природни. Со 17 години го напушти училиштето и главна цел и беше да стане модел. Иако модните агенции не ја сакаа бидејќи има преголеми облини за модел, благодарение на социјалните мрежи направи име за себе и многу брзо стана барана поради секси фотографиите.