Викендов во центарот на Охрид се бараше место повеќе за паркирање. По речиси целата должина на кејот автомобилите се паркираа од двете страни на коловозот, што го отежна одвивањето на сообраќајот.
Локалните жители се жалат на несоодветниот режим на паркирање и сметаат дека треба да се воведе повеќе ред.
Вообичаено пред почетокот на главната туристичка сезона, советот на општината носи одлука за летен режим на сообраќај, со кој се редуцира и паркирањето во централното градско подрачје.
OhridNews