Шеталиштето на кејот од источната страна на реката Црн Дрим во Струга деновиве добива нов лик. Ова се должи на проектот за реконструкција на кејот, кој започна пред околу два месеци.

Во рамки на досегашната, прва фаза од реализацијата на овој проект, кејот е поплочен со нови плочки, по што ќе следува поставување на урбана опрема и современо хортикултурно уредување.

Освен уредување на пешачка патека на кејот, со проектот се предвидува и формирање на пешачка зона на плоштадот, до зградата на општината.

Според информациите кои од страна на општина Струга беа објавени пред почетокот на реализацијата на проектот, за  реконструкција на шеталиштето на кејот ќе бидат издвоени 14.500.000 денари или околу 230.000 евра од општинскиот буџет.

OhridNews