Светски познатите уметници од Јапонија, Кеико Кома и Идаки Шин, утревечер ќе настапат на Античкиот тетар во Охрид.
Кома и Шин пред охридската публика ќе изведат музичко поетски перформанс, по што се познати надалеку во светот. Кеико кома е извонредна поетеса, а Идаки Шин изведува традиционална јапонска музика.
Двајцата се познати по заложбите за мир во светот, за што досега имаат добиено повеќе планетарни признанија.
По повод настапот во Охрид, Идаки Шин и Кеико Кома денеска ќе бидат примени од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, по што ќе биде одржана прес конференција.
Г.М.