Реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“ навоно ќе заврши во 2015 година. Американските медиумите пренеле тврдења на блиски извори на семејството, според кои и Ким и Крис сакале шото да заврши така што ќе ги остават фановите во неизвесност, а не да ги гледаат уште неколку сезони и да им станат здодевни.

Истиот извор додал дека сите членови на семејството продолжувалње со своите животи истражувајќи нови можности, Ким сакала да биде со ќерката о Кање Вест, додека Крис сакала да се фокусира на тоа да биде водителка на ток шоу или да стане филмски продуцент. Таа на сите им раскажувала дека еден ден ќе освои Оскар. Семејството минатата година потпишало договор вреден 40 милиони долари за продолжување со снимањето на шоуто.