Во француските основни училишта е забрането конзумирањето на кечап, како децата не би се одвикнале од француската кујна, соопштиле медиумите. На децата ќе им биде дозволено да јадат сос само еднаш неделно со помфрит. Новата забрана стапила на сила поради заклучокот дека децата ќе се одвикнат од француската кујна.
Кристофер Ебер, кој бил задолжен за надгледувањето на спроведувањето на забраната објаснил дека сакаат децата да бидат блиски со француските рецепти и да можат да ги пренесат на идните генерации. Додал дека децата имаат тенденција да користат кечап како би го убиле вкусот на она што го јадат.