По цели триесет години апстиненција во Охрид на сцената на мала врата се врати пинг-понгот. Охридскиот пинг – понг своевремено беше преставуван од клубот “Застава“ кој успешно се натпреваруваше во поранешната држава. Паузата оставила длабока трага во овај спорт, но од новоформираниот клуб  ППК “Охрид“ се надеваат дека ќе успееат барем малку да се прибилижат на клубот кој бележеше солидни резултати.

 

Пинг-понгот во Охрид се уште е во “илегала“ но се надевам дека по остварената соработка со училишниот спорт ќе успееме да привлечеме млади деца кои во иднина би биле носители во овај спорт. Тренираме во салата при ОУ “Григор Прилчев“ , немаме никава подршка од локаланата, па сиот товар паѓа на наши плеќи. Не се потребни бог знае какви средства за развој на малите спортови кои верувам би постигнале многу поголем успех отколку во екипните како фудбал, кошарка, ракомет – смета Владо Симеонов тренер во ППК “Охрид“.

Поради намалување на трошоците на екипите, во оваа сезона турнирски се играа мечевите од Првата лига. Охриѓани кои ја имаат најмладата екипа  завршија на претпоследното место.

М.П.