Богатите мозаични подови кои се наоѓаат во археолошкиот локалитет ,,Манчевци” во стариот дел на Охрид, ќе бидат целосно конзервирани во текот на 2014 година. Ова го предвидува Третата фаза од конзервацијата на оваа ранохристијанската базилика, која ја спроведува Завод и музеј од Охрид во соработка со Министарството за култура.

Во рамки на проектот за конзервација, во претходните две фази се изврши конзервација на постоечките ѕидови од локалитетот, додека пак мермерните столбови пронајдени на лице место, беа поставени на својата автентична позиција во структурата на базиликата. Исто така во склоп на активностите беше поставена и покривна конструкција над базиликата.

Локалитетот ,,Манчевци” е една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид, кои имаат огромно значење за културното наследство на Република Македонија.

OhridNews