Утре на 9-ти септември со почеток во 14 часот ќе биде свечено означен почетокот на изградбата на кружниот тек на пресекот помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“ кај Охридска Банка. Според најавите на свеченоста ќе присуствува и градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.
Претходно градоначалникот ќе изврши увид на подготвителните работи за изградба на кружниот тек на пресекот со улицата „Стив Наумов“ и свечено ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „Питу Гули“. Свеченоста на улицата „Питу Гули“ ќе се одржи во 13 часот кај чинарот во Горна Влашка Маала, на пресекот со улицата „Марко Нестороски“.
OhridNews