По вчерашните реванш натпревари со своите екипи, Златко Таневски со полскиот Лех Познањ, Драган Чадиковски и Александар Лазевски со белградски Партизан, Гоце Толески во дресот на Славија Прага и Горан Попов со холандски Херенвен си обезбедија место во претстојните натпревари по групи од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Најмногу претставници во УЕФА купот ќе имаат Германија и Холандија .
По пет клубви од овие земја ќе бидат дел од групната фаза. Германските Шалке, Штутгарт, Хамбургер, Волфзбург и Херта, како и холандските Ајакс, Твенте, НЕК Најмеген, Херенвен и Феенорд.
Четри преТставника ќе има Англија: Тотенхем, Манчестер Сити, Портсмут и Астон Вила, исто колку и Шпанија: Севиља, Валенсија, Депортиво и Сантандер.
Италија ќе има три меѓу кои и најголемиот фаворит Милан, потоа Удинезе и Сампдорија.
Натпревари во групната фаза обебезбедија уште и Партизан и Динамо Загреб.
Ждрепката за натпреварувањето по групи во Купот на УЕФА ќе биде оддржана на 7 октомври во Нион. Првите натпревари се играат на 23 октомври.