За инвестирање во електричната мрежа за јавно осветлување, што подразбира изградба на мрежа и поставување сијалични места во разни делови на општината, вклучително и селските населби, општината ќе вложи 12 милиони денари.
Со изградба и проширување на мрежа за јавно улично осветлување е предвидено да се опфатат десеттина улици во градското подрачје меѓу кои „Александар Турунџев“ и „Момчило Јорданоски“ со по 100-тина илјади денари како и селата Велгошти, Љубаништа, Подмоље и Лескоец со по околу 150-200 илјади денари. Ќе се инвестираат дополнителни 150 илјади денари за осветлување улици во повеќе населени места вон градот односно на селските улици.
Најголем дел од средствата, околу 6 милиони денари се планира да се вложат во електричната мрежа на ул. „Железничка“, а по околу 600 илјади денари ќе се инвестираат во електричната мрежа на улиците: „Абас Емин“, „Српница“, „Пирин Планина“, „Источно-транзитна“, „8-ми Септември“ и „Даме Груев“. Со средства во висина од 300-400 илјади денари ќе се интервенира во месноста „Чекоштина“, на патеката за месноста „Канео“.
Ohridnews