Мишел Форнер (64) ќе скокне од височина од 40 км над канадската држава Саскатчеван во понор со надзвучна брзина. Во капсула под притисок која ќе ја контролира балон со хелиум, ќе се искачува 150 минути до самиот раб на стратосферата. Ако се оди по планот, ќе паѓа 10 минути пред да се отвори падобранот. Успехот значи нов рекорд за највисок слободен план, највисок лет на балон, временски рекорд за најдалечен слободен пад и брзински рекорд за најбрз слободен пад.


 Ќе биде облечен во одело од карбонски влакна вредно 45 илјади евра. Оделото ќе го штити од студ на температура од минус 100 степени Целзиусови височина до екстремни температури предизвикани од големата брзина. Појачаната кацига ќе му ги чува ушите од пробивање на звучниот зид. Исто така, на височина од 40 км ќе мора да помине часови вдишувајќи чист кислород. Изминатите 20 години, Фурниер го продавал својот антички мебел,наградувани колекции на оружје, дури и куќата за да си го оствари сонот. Ветеранот со 8,500 скокови со падобран се припремал со ригорозен тренинг кој се состоел од трчање, кревање тегови и јога.