Зголемување на износот за субвенционирање на  потрошената електрична енергија и други енергенси за затоплување за примателите на социјална помош најави денеска Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Согласно планот на Владата овој надоместок од средината на годината ќе се зголеми за дополнителни 100 денари.

-Се зголемува истиот надоместок на 800 денари почнувајќи од јули оваа година. За реализација на овој проект обезбедени се средства во износ од 81 милион денари што е значителна и дополнителна парична помош за примателите на социјална парична помош и дополнителн подршка од државата за надминување на предизвиците со кои што се соочуваат, изјави Спасов.

Во однос на тоа дали Министерството за труд и социјална политика има доволно средства за покривање на најавеното зголемување на социјалната помош за 10 наместо како што беше планирано за 5 проценти, министерот Спасов рече дека оваа разлика ќе биде надоместена од внатрешната заштеда во Министерството на годишно ниво со екектронската исплата на средствата до корисниците со што се намалуваат поштенските и други трошоци како и со примената на системот за заштита од злоупотреби на социјалната помош.

OhridNews