Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид денеска ќе спроведе уште една, втора по ред, акција за подигање на кабаст отпад.

Ќе бидат опфатени населбата “Стар Град” и улиците “Богомилска”, “7-ми Ноември”,”Егејска”,”15-ти Корпус” и “Железничка”.

Граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад, истиот по претходна пријава треба да го извадат на определените локации од каде ќе биде подигнат, информираат од  Ј.П.”Охридски Комуналец”.

Ohridnews