Владата на Република Македонија соопшти дека  ќе формира работна група за заштита на ликот и делото на Тоше Проески.

Во групата ќе бидат претставници на министерствата за култура, за надворешни работи, за правда, како и претставник на Кабинетот на премиерот.

Пред два  два дена градоначалникот на Скопје Трифун Костовски упати повик да се формира коориднативно тело за да се усогласат начините за заштита на ликот и делото на најголемата македонска музичка  ѕвезда Тоше Проески.

Деновиве ликот на Тоше се продава на се и сешто. Маици, сувенири, пиратски це-деа ја преплавија Македонија, но и најави за именување на институции улици, спортски сали и други објекти со Тоше Проески.

Заштита на ликот и делото на Тоше побара и неговото семејство.

ohridnews