Кај месноста Луково, кај патниот правец Струга – Дебар продолжуваат активностите за уредување на коритото на реката Црн Дрим, каде екипи на Дирекцијата за заштита и спасување работат во 3 смени.
Во населеното место Пласница екипи на Дирекцијата за заштита прават насип на р. Треска со цел спречување на излевање на водата.
Според информациите од релевантните институции, сообраќајот на магистралните и регионалните патни правци низ државата се одвива без застои и ограничувања. На патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато возилата се пренасочуваат преку регионалниот пат Р106 Ресен – Битола во должина од околу 5 километри.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на денешниот ден ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи, претежно од снег, а утре претпладне се предвидува облачно време со локални врнежи од снег, додека попладнето е предвидено намалување на облачноста.